Косово ќе стане третата земја од регионот што ќе потпише ваков аранжман со Европската Комисија.

Спогодбата, која е дел од заедничкиот акциски план против тероризмот со Западниот Балкан, ќе биде потпишана денес од страна на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа.

Со овој аранжман се идентификуваат главните области на кои косовските власти ќе треба да работат во текот на оваа и идната година за поефикасно спречување на терористичките активности. Косово, како и другите земји потписнички од регионот, треба да редовно да ја известуваат Комисијата за напредокот во имплементацијата на акцискиот план.

Акцискиот план за Западниот Балкан беше потпишан во октомври 2018 и обезбедува рамка за борба против тероризмот и спречување на насилниот екстремизам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.