Еропската комисија не го прифати барањето на Холандија за повторно воведување визен режим за Албанија, објави „Албаниан њуз“.

На 31 мај годинава Холандија формално поднесе пред ЕК барање за суспендирање на слободното движење за албанскитѕе граѓани во шенген зоната. Европската комисија утврдила дека не се исполнети условите за да се суспендира визниот режим.

По внимателно разгледување на содржината на нотификацијата добиена од Холандија и врз основа на достапни информации, Комисијата смета дека во сегашната состојба не постојат услови за да се повлече механизмот за визниот режим. Комисијата ќе продолжи внимателно да го следи спроведувањето на обврските за визната либерализација за Албанија, како и за други земји кои се корисници на безвизниот режим“, објави Европската комисија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.