Aлбанскиот премиер Еди Рама во интервју за српската телевизија „ТВ Пинк“, изјавил дека Албанците од Албанија и Албанците од Косово се браќа кои живеат во две различни земји и тие треба да се обединат. Тој посочил дека сака еден регион без граници меѓу земјите.

– Не сакам да имаме граница со Србија, Косово, Македонија или Црна Гора. Треба да сите да работиме за тоа да се случи – истакнал Рама за српската телевизија.

Албанскиот премиер во интервјуто вели дека Србите и Албанците можат да влијаат на Балканот исто како тоа што Франција и Германија го направија во Европа. Според него Србија мора да се соочи со вистината и да прифати дека Косово е слободна и независна држава.

Албанскиот премиер рече дека тој никогаш не го употребува изразот Голема Албанија и нагласи дека тоа е израз што се употребува против Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.