Албанскиот премиер на денешната владина седница изјави дека се прекинати потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот, додавајќи оти бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес се искачи на 50. Кога почна да ги чита имињата на жртвите Рама почна да плаче, но набрзо се смири и продолжи.

Владата донесе одлука со која на семејствата кои изгубија членови да им додели по еден милион леки (околу 8.500 евра), а ќе ги покрие и трошоците за погреб. Одлуката важи и за семејствата на браќата Шемседин и Иса Абази од Гњилане, Косово, кои загинаа при уривање на хотел во Драч.

Рама им се заблагодари на екипите за потрага и спасување кои дојдоа во Албанија од повеќе земји.

Сакам да им се заблагодарам на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од надвор. Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од под урнатините. Но, ова не ја намали работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но ним им се потребни специјални средства, рече премиерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.