Албанскиот премиер Еди Рама со остри критики кон Европската Унија поради распределбата на вакцините против коронавирус.

Рама го критикуваше одлoженото снабдување на државите од Западен Балкан со потребните вакцини.

Како што пренесуваат албанските медиуми, Рама упатил критики кон ЕУ зашто Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат на залихите од вакцината, додека државите членки први не обезбедат доволно дози за своето население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.