Албанскиот премиер Еди Рама, бранејќи се синоќа во студиото на „Топ Чанел“ за бавното темпо на набавки на вакцините против коронавирусот, рече дека во Македонија се уште нема влезено ниту една доза.

Тој рече дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.

По многуте критики кои што ги доби, дека дозите на антиковид вакцините, кое се во износ од околу 1.000, биле многу малку и со нив можело да вакцинираат само 500 албански граѓани, Рама одговори дека и тоа е за пофалба, затоа што Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Тој потенцира дека Македонија, иако добила ветување од Бугарија дека ќе и донира 100 дози од првата пратка вакцини која ќе стигнела кај нив, а и истите сеуште не и се дадени.

Македонија не започна за жал со вакцинацијата и не е виновна за тоа, Бугарија сè уште не им ја даде донацијата затоа што сакаа да ја искористат – рече Рама.

Албанскиот премиер додаде дека се работело само за 100 дози донација од Бугарија за Македонија.

Рама рече дека Албанија има капацитет за 14 месеци да го затвори циклусот на вакцинација, кој започна на 11 јануари.

Извор: Плусинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.