Албанскиот премиер Еди Рама и началничката на Инфективната клиника во Тирана,Најада Чомо први ја прмија вакцината против Ковид-19,со што означен е почетокот на имунизацијата против опасниот вирус во земјата.

Прва се вакцинира познатата докторка, Чомо, која од почетокот на пандемијата е на првата линија во битката со невидливиот непријател, потоа премирот Рама па познатите инфектолози Пелумб Пиперо и Тритан Кало.

Вакцината ја добија во една од 60-те кабини кои се поставени во стадионот „ Ер Албанија“ во Тирана,каде ќе се реализира имунизацјата, која почна со количина од 975 дози.

Иако претходно Рама рече дека тие се донација од прјателска земја која не сака јавно да и се каже името, сепак,според медиумите, кажал дека дека овие и уште две илјади дози, кои ќе прстигнат деновиве, се донација од прјателска Австрија.

Во текот на денов ќе бидат вакцинирани 50 здравствени работници по што продолжува во следните денови а се опфатени лекари и медицински сестри од Инфективната клиника или ковид еден болница и „Шефќет Ндроќи“ или ковид два болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.