Албанскиот премиер Еди Рама вчера прошетал на неколку улици и пазари во Тирана да ја провери ситуацијата и да ги советува граѓаните да не излегуваат од дома.

Тој на Фејсбук напиша дека пензионерите се голем проблем, а од објавените фотографии се гледа како на дел од нив им се обраќа и им објаснува.

Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“, напиша Рама.

Тој на фотографиите е без маска и ракавици, па на фановите на социјалните мрежи им порача да не го прашуваат зошто не носи бидејќи маска и ракавици не се за пешаците туку за болните и за оние кои се грижат за заболените лица. Останатите, рече Рама, доволно е да ги почитуваат препораките односно да држат растојание од најмалку еден метар, да не се ракуваат и да киваат и кашлаат според препораките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.