Во Албанија потврдени се 21 случај заразени со Делта сојот, од нив осум се „увезени“, додека остатите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јано здравје и член на комитетот за справување со пандемијата со Ковид-19.

По два случаи се донесени во земјава од Велика Британија и Германија, додека по еден случај од Чешка, Шпанија, Македонија и Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин. Овие случаи, предизвикаа семејни жаришта, што потврдува дека имаме висока инциденца на зараза, рече таа.

Според неа заразените се на возраст од 16 до 77 години, девет се хосптализирани.

Додаде дека од 21 заразено лице со Делта сојот, шест биле вакцинирани.

Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Велика Британија со Астра Зенека, две со една доза со Фајзер во Германија, два случаи се со две дози Коронавакс – рече Бино.

Преседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли смета дека новата епидемиолошка состојба не наметнува други ограничувачки мерки освен постојните, за кои смета дека ќе ја контролираат состојбата, посебно потенцирајќи дека останува и понатаму во сила полицискиот час од полноќ до 6 часот и мерката за задолжително носење заштитна маска во затворен простор.

Таа упати апел за поголема масовност за имунизација против опасниот вирус, просецот со кој го сега се опфатени над милион 170 илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.