Дваесет и шестгодишниот Ненад Лазаревиќ од Србија со нож до смрт ја избол својата сопруга Дајана (22) во нивниот стан во Салцбург, Австрија, а потоа ја пикнал во фиоката за постелнина на каучот, за дадилката, која ја повикал да ги чува децата, да не го види искасапеното и крваво тело.

Потоа се упатил до главната полициска станица во Салцбург пред полицијата признал што направил. Но, пред да се предаде, на фејсбук-профилот на неговата сопруга напишал:

Почивај во мир, срце мое 

Ненад ја избодел Дајана неколку пати со кујнски нож, а кога таа им подлегнала на повредите, тој ја повикал бебиситерката да дојде итно да ги чува децата додека тој не заврши нешто многу важно. Дадилката се согласила, несвесна дека искасапеното тело на младата мајка е во станот. Убиството се случило додека нивните малолетни ќерки од седум месеци и три години спиеле во другата соба.

Полицијата брзо дошла во станот и го пронашла телото на Дајана. Според австриските медиуми убиството следело по долгогодишно мачење и семејно насилство што го трпела несреќната млада жена.

Според медиумите, Дијана поднела барање за развод од Ненад на почетокот на оваа година, а австрискиот суд во февруари забранил да ѝ се приближува. Познавачите на убиената Дијана велат дека таа била добра девојка и дека, откако се омажила за Ненад, заминала во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.