Белградската мафија не и требаше долго да ги пронајде наследниците на Веља невоља.По неговото апсење се појавија неколку групи кои се заинтерсираа да ги наследат „бизнисите“ на Веља како што се бизнисот со дрога и киднапирањето.

Тоа го напомена и претседателот на Србија Александар Вучиќ по покажувањето на телата на жртвите на Веља.

Според сите полициски проценки, извесен Џони од Врачар би  можел да го преземе местото на Веља. Тој бил на ниска позиција во мафијашката хиерархија покрај неприкосновените Беливук и Звизер.

Никоа Вушовиќ Џони е огранок на Кавачкиот клан во Србија кој веќе има изградено мрежа во Белград и досега има ликвидирано неколку навивачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.