Лидерите на Србија и Косово уште во 2018 година разговараа за можноста за размена на територија како решение за косовското прашање, изјави поранешниот советник на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон.

Во случајот Косово и Србија, имаше индикации уште претходно во 2018 година. Лидерите сакаа прашањата да ги решат бидејќи увидоа дека не можат да остварат реален независен економски развој и стабилност додека нивните односи не се нормализираат. Беше тоа многу контраверзно внатре во тие држави, но мене ми се чинеше дека тоа е вредно да се направат напори. Една од работите за кои разговараа беше и можноста за размена на територии, изјави Болтон, а пренесува Коссев.

Вели дека ваквата идеја е дочекана со одвратност од стана на Германија, западна Европа, но и во некои од деловите на Балканот.

Во делови од Балканот, Германија, западна Европа, ова е дочекано со одвратност бидејќи се плашат дека размената на територии би можело да доведе до размени било каде бидејќи тоа се случува во историјата, додава Болтон.

Болтон со ова практично го потврди тоа што двајцата претседатели цело време го демантираат – дека се разговара за етничка поделба, односно етничко разграничување или размена на територија помеѓу Албанците и Србите.

Иако демантираат, истовремено двајцата претседателит во јавноста изнесуваат изјави во кои потврдуваат и дека сакаат, односно, дека се залагаат за ваков расплет на косовското прашање.

Александар Вучиќ и Хашим Тачи, веќе со години јавно говорат за тоа дека се залагаат за идејата за „разграничување“, како што тоа го нарекува Вучиќ, односно „корекција на границите“, како што тоа го нарекува Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.