Силниот земјотрес што ја погоди Албанија изутринава во 3.56 часот предизвика материјална штета, има преку 150 повредени, a албанските медиуми, неофицијално, јавуваат и за десетина загинати.

Се стравува дека бројот би можел да биде и поголем бидејќи има оштетени, па и урнати станбени објекти.

Извори за „Топ канал“ наведуваат дека во Драч палатата кај Црвениот крст, изградена во ’94 година се распаднала и има луѓе кои бараат помош, но ниту брза помош ниту екипа на спасување не ја напуштила областа.

Во меѓувреме, граѓаните и медиумите објавија фотографии кои ја прикажуваат штетата предизвикана од земјотресот од утрово во Драч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.