Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски не ја прифаќа географската додавка на името на Македонија, која ја смета за втора бугарска држава на Балканот.

Никогаш нема да ја нарекувам ниту Северна, ниту јужна, ниту горна, ниту долна. Таа за мене е втора бугарска држава на Балканот – изјави за Бугарска национална телевизија (БНТ), потпретседателот на ВМРО на вицепремиерот Красимир Каракачанов.

Според Џамбаски, бугарската политика во однос на Македонија е колеблива со децении, а неговото ВМРО постоело токму поради тоа што Македонија била важно прашање.

Голема задача во моментов е да се огласи и да се формулира бугарската заедница во
Македонија, вклучувајќи и преку уставни измени. Во македонскиот устав има неколку
државотворни елементи – народот, меѓу кој е албанскиот, Египќани итн. Но, бугарскиот отсуствува и тоа треба да биде формулирано и поправено – вели тој.

Џамбаски се залага и за членство на Македонија во Европска унија.

За Бугарија нема ништо повредно од тоа Македонија да биде дел од ЕУ, бидејќи нема да има граница меѓу Охрид и Црно Море. Ќе го завршиме националното обединување. Тоа е задача што стои недовршена пред нас од 1944-45 година – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.