Хрватска вчера ја зафати невреме проследено со поројни дождови и град, а три лица биле повредени.

Најпогодено е подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија каде паѓал град со големина на орев, а некаде и со големина на јајце. Имало и откорнати дрвја, како и урнат покрив на едно основно училиште.

Две жени се полесно повредени од удар на гром, а еден маж паднал од покрив.

За краток временски период паднале 20 литри дожд, а забележан е најсилен удар на ветрот со брзина од 75 километри на час.

Невремето, проследено со силен ветер и пороен дожд, во вечерните часови го погоди и поголемиот дел на Истра, но не предизвика поголеми проблеми.

Пожарникарите имале околу 20 интервенции, кои главно биле за отстранување гранки на патиштата во Пула, Пореч и Новиград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.