Две лица загинаа во пожар што избувнал ноќеска во викенд куќа во населбата Пуричани во Бјеловар, потврди хрватската полиција.

Командантот на пожарникарите во Бјеловар, Давор Ѓалог, вели дека пожарот бил изгаснат, но пожарникарите се уште се на терен.

Пожарот беше изгаснат утрово. Дојавата беше утрово во 5:13 часот од Центарот 112. Пожарот беше изгаснат многу брзо, но во тек е истрага, така што нашите членови се уште се таму, рече Ѓалог.

Причината за пожарот сè уште не е позната. Локалните медиуми неофицијално дознаваат дека двете лица спиеле кога избувнал пожарот. Наводно се задушиле.

Како што дознава регионалниот портал Бјеловар.лив, наводно станува збор за двајца млади момчиња на 20-тина години. Полицијата досега одбивала да потврди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.