И низ целата Србија, како и кај нас, денеска голем број на верници се фрлаа по светиот крст. Како што пренесуваат српските медиуми, манифестациите поминале без инциденти, а во чест на празникот пливале од најмладо до најстаро.

Во Трстеник, заедно со нивниот татко, пливале тригодишниот Филип и неговата сестра Дуња (7).

До крстот во Ужице прва испливала Марина Лазиќ, која денеска го прославила својот 35 роденден.

(фото: РАС Србија)

Во Крагујевац, пак, крстот го фати петнаесетгодишната пливачка Марта Дуњиќ, која била најмлада учесничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.