Јагленосани човечки коски беа пронајдени во опожарена шупа во Мала Моштаница, село кај Обреновац, Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, во пожарот кој избувнал околу 15 часот загинаа 11-годишниот Марко и неговата деветгодишна сестра.

Најстарото дете во семејството, 13-годишната Милица, спиела кога пожарот избувнал. Марко и Душица си играле.

(фото: Nemanja Nikolić)

Полицијата заедно со пожарникарската екипа врши увид на местото на несреќата.

(фото: Nemanja Nikolić)

Мајката на децата за време на пожарот била на работа. Татко им е во затвор поради семејно насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.