Српските медиуми пишуваат дека две бебиња во Србија се меѓу 303 заболени од коронавирус во оваа земја.

Бебе старо 28 недели е заразено со коронавирус во Србија, изјави директорот на клиниката „Драгиша Мишовиќ“, доктор Владимир Ѓукиќ.

Тој во емисија на ТВ Пинк рекол дека меѓу заболените во Србија има многу млади.

Имаме бебе од 28 недели, родители, татко и син, син и мајка, цели семејства, сите се загрозени, единствена превентива е целосна изолација“, рекол тој.

Има многу млади. За жал не се сите во идеална состојба, но навистина постојат сите предуслови да се згрижат квалитетно и се надевам дека ќе бидат во ред“, рекол директорот.

Освен бебето од 28 недели, во саботата на клиника било примено бебе кое имало 27 дена. Најверојатно бебето го добило вирусот од чичко на таткото кој е заболен од коронавирус.

Бебето е стабилно и оздравува. Што се однесува до неговата општа состојба, уште сега би можело да биде пуштено дома, но поради возраста е задржано“, рекле лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.