Двајца Руси во Грција се осудени на по 300 години затвор за нелегално пренесување мигранти.

Алексеј Игумнов и Никита Шепталов се осудени на по 300 години затвор за наводно организирање шверц на мигранти во Грција. Таа казна е еднаква на 20 години затвор во рускиот казнен систем – изјави Иван Мелков, потпретседател на Комитетот за човекови права на ОН за Русија..

Тој објасни дека вака строгата казна произлегува од фактот дека за секој, наводно, шверцуван мигрант судот на Русите им одредил од седум до 12 години затвор.

Двајцата пред судот се изјаснија за невини. Според нив, двајцата нашле работа во Турција преку Интернет, а за работата морнари на јахта им било ветена плата од 1.100 евра и храна.

Мелков вели дека по завршувањето на обуката тие отпловиле со остатокот од екипажот, но нагласи дека не управувале со бродот, туку дека биле задолжени за технички задачи, како што се готвење и чистење.

Кога бродот пристигнал во неутрални води, им пришол друг со 60 мигранти кои се качиле на нивната јахта. Нашите државјани, исто така, одлучиле да не ги остават луѓето на отворено море и на сигурна смрт, па тие останале на бродот – изјави Мелков.

Набргу потоа јахтата била пресретната од грчка крајбрежна патрола, Игумнов и Шепталов биле уапсени, а полицајците не сакале да ги слушнат доказите за нивната невиност.

Мелков нагласи дека нивниот бранител првпат ги видел во судницата, додавајќи дека околу 26 Руси се наоѓале во слична ситуација во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.