Граничниот регион меѓу Црна Гора и Албанија изутрината беше погоден од два послаби земјотреса. Јачината на првиот земјотрес во епицентарот беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, а вториот, што беше почувствуван десет минути по првиот, беше 3,4 степени.

Иако епицентарот бил на албанската страна на границата, земјотресот бил силно почувствуван во Подгорица, на околу 20 километри од епицентарот, пренесуваат црногорски медиуми.

На крајот на ноември 2019 година, Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 50 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.