Во Косово во последните 24 часа официјално се регистрирани две нови жртви на Ковид-19, така што бројката на лица кои починале како последица на епидемијата сега изнесува 659. Според косовските здравствени власти, вчера имало 169 новозаразени и 85 излекувани, со што бројот на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 17.591, додека на оние кои ја совладале болеста 14.979.

Активни носители на вирусот моментно се 1.953 лица. Вчера се извршени 1.119, а од почетокот на пандемијата 85.042 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.