Откако пред неколку дена на „Инстаграм“ пораќа дека Косово не е, но и никогаш не било Србија, албанската пејачка со потекло од Приштина, Дуа Липа на повеќе платформи објави карта на Голема Албанија.

Ав – тох – тон, придавка

(на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти, твитна 24-годишната музичка ѕвезда за своите повеќе од пет милиони следбеници на „Твитер“ и скоро 50 милиони на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

au•toch•tho•nous adjective (of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on


Нејзината провокација, исто како и претходната, наиде на доста коментари и отвори нови препукувања меѓу корисниците.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Иако е израсната во Англија, ова не е првпат пејачката да ги изнесува своите погледи за состојбата на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.