Вкупниот државен долг на Црна Гора, без депозити, на 30 јуни годинава изнесувал 3,664 милијарди евра или 79,54 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Како што информираат од Министерството за финансии на Црна Гора за весникот „Дан“, со депозити, вкупниот државен долг е 3,284 милијарди евра или 71,3 проценти од БДП. Во споредба со крајот на март, државниот долг се зголемил за 321 милиони евра.

Надворешниот долг изнесуваше 3,1 милијарди евра или 67,4 проценти од БДП, додека домашниот долг изнесуваше 559,4 милиони евра или 12,14 проценти од БДП. Депозитите на крајот на вториот квартал од 2020 година изнесуваат 379,62 милиони евра, вклучувајќи 38.477 унци злато (вредноста на златото беше 60,49 милиони евра) или 8,24 проценти од БДП – соопштуваат од Министерството за финансии.

Владиниот оддел изјави дека склучиле аранжмани за кредит во износ од над 480 милиони евра досега оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.