Kоординатор на Приштина за дијалог со Србијам Скендер Хасани, порача дека ако преговорите со Белград не успеат за 12 месеци, тие ќе пропаднат. Таквата негова најава се толкува како нова тактика на косовските Албанци и пат кон еднострани потези, како што е формално приближување кон Албанија.

Претседател на Комитетот за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун, ова го кажува за „Спутник“, истакнувајќи дека косовските Албанци не сакаат да зборуваат за ништо друго освен признавање на Косово од страна на Србија или за нешто што води кон тоа.

Нема утврдени рокови и секој што се обидува да наметне рокови прави сериозна грешка. Бидејќи косовскиот проблем е толку комплексен што исходот едноставно не може да се предвиди, ниту може да се ограничи временската рамка за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите. Барем не во оваа фаза, затоа што прво треба да се решат некои специфични прашања, како што е исчезнатите, раселените и економската соработка …  – истакнува Дрецун.

Дрецун додава дека многу земји би сакале тој процес да заврши што е можно поскоро, особено Германија и ЕУ, и тоа можеби некаде до крајот на оваа или почетокот на следната година.

Повторувам, не е добро да се даваат рокови, затоа што гледаме дека Приштина одолговлекува.
Кога почнуваат разговорите за раселените лица и проблемот со нивното враќање, Мирослав Лајчак, преговарач за ЕУ, нуди документ што не го решава тој проблем, туку само наведува некои работи. Тогаш Приштина рече дека нема потреба да се работи на тоа, бидејќи нивните закони овозможуваат враќање. Кога станува збор за исчезнатите, од нас е побарано да го предадеме материјалот, кој веќе е предаден на Хашкиот трибунал, а потоа Хисени тврди дека архивата на ОВК не постои за да се види дека во овој Закон за заштита на вредностите на ОВК, што тие планираат да го донесат, тој архив се споменува – објаснува  Дрецун како изгледаат преговорите со косовските претставници.

Одолговлекувања, па Голема Албанија

Според него, тактиката на Приштина е да се одолговлекува што е можно повеќе за да не се постигне резултат, а потоа Албанците да речат: „Еве, преговаравме веќе една година и нема ефект, Србија нема да го признае Косово и нема потреба повеќе да разговараме“.

Во тој момент, тие ќе се свртат кон еднострани мерки. Мислам дека тоа е нивната цел и затоа се споменува рокот од една година. Значи, ќе биде невозможно да се постигнат какви било договори и потоа да се каже – Србија е виновна, немаме што повеќе да бараме тука – вели Дрецун.

Зборувајќи за еднострани мерки на Приштина, Дрецун има в предвид две опции.

Ако преговорите не успеат, тие можат да преземат некои активности што формално би ги обединиле со Албанија. Потоа, тие можат да се обидат да оперираат во северно Косово. Тоа е причината зошто Србија не смее, во никакви околности да ги напушти или да прекине преговорите – заклучува Дрецун.

Како што вели Дрецун, политичкиот научник од Косово, Неџмедин Спахиу, потсетува дека ниту Европа, ниту Америка не дале краен рок, иако е во интерес и на Белград и на Косово да постигнат договор.

Поминаа 21 година откако немаше конечен договор меѓу Белград и Приштина, не сметајќи ги постигнатите и договорите кои не се почитувани. Во интерес на Косово и Србија е да имаат што е можно повеќе договори и да ги почитуваат. Но, дури и ако ги нема – не можеме да излеземе од својата кожа – вели Дрецун.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.