Спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините во Петриња по уривањето на зградите по земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер.

Татко и дете биле извлечени од станбена зграда и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болница. Тие биле во шок и покриени со прашина. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но изнесени се од зградата на носилки.

Еден постар човек е спасен од друга трошна зграда откако влегол во станот неколку минути пред земјотресот и за среќа и тој е во добра физичка состојба.

Улиците на Петриња се полни со урнатини. Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.