Телата на четворица руски државјани се најдени во сауна на еден хотел во Албанија, а причина за смртта е задушување, јавува Албаниан дејли њуз повикувајќи се на полициски извори.

Како што навела полицијата, во сауната на хотел во селото Керет, во округот Каваја, се најдени телата на четири лица, државјани на Русија, и сите се задушиле.

Според полициските информации, жртвите се двајца мажи и две жени на возраст меѓу 31 и 58 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.