Возачи на автопатот Ниш – Белград ја алармирале сообраќајната патрола на српската полиција дека помеѓу Умчар и Мал Пожаревац забележале човек како држи дете во рацете и се обидува да го освести. Патролата со ротација возејќи во контра смер во лентата за застанување стигнала до местото на настанот, го зела детето и веднаш се упатила кон Белград, а во меѓу време побарала и помош од Итната медицинска помош која ги пресретнала, пишува српски „Курир“.

Според истиот извор, девојчето, инаку македонска државјанка на возраст од 9 години, најверојатно имало епилептичен напад. Благодарение на присебната интервенција на полицијата тоа за среќа на време било донесено во Универзитетската клиника „Тиршова“ каде било соодветно згрижено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.