Грешка на добавувачот на хемикалии е причината за инцидентот во бањата Тухељски Топлице на северот од Хрватска, во близина на границата со Словенија. Во инцидентот повредени се најмалку 16 луѓе откако вдишале испарена хемикалија.

Директорот на бањата Тухељ изјавил дека инцидентот се случил по грешка на добавувачот на хлор за прочистување на водата во бањските базени, кој наместо хлор истурил киселина.

Околу 18 часот добавувачот на хемикалии достави натриум хиперхлорид кој се користи за обработка на базенската вода и се чува во машинскиот оддел на базенот. За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истурил киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и велнес центарот. Ситуацијата не беше предизвикана од базенската вода туку од киселината. Пристапено е по протоколи за такви инциденти и беше изведена евакуација за неколку минути по откривањето, изјавил директорот Васја Чрерник за „Вечерњи лист“.

Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил вчера попладне, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.

Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето. 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб.

Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.

Покрај морскиот туризам, во северозападниот дел на Хрватска се повеќе се вложува и во бањскиот туризам, а Тухељске Топлице е посетувана и од голем број странски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.