Роберт Голоб и неговата партија Движење за слобода се убедливи победници на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе можат брзо да формираат нова влада со само уште една или две партии, покажуваат официјалните резултати по пребројани над 99,7 отсто од гласовите.

Голоб е словенечки електроинженер и политичар. Роден е на 23 јануари 1967 година во Шемпетер при Горици. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во 1989 година, магистрирал три години подоцна (1992) и докторирал во 1994 година. По завршувањето на докторските студии, тој се дошколува во Атланта на Технолошкиот институт во Џорџија како Фулбрајт стипендист. Негоите специјалности вклучуваат работа и дерегулација на електроенергетскиот систем (електричен систем), реструктуирање на економијата на електрична енергија, енергетски стратегии и пазари на електрична енергија. Автор е на многу основни истражувачки индустриско-апликативни проекти. Др. Роберт Голоб е и вонреден професор на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Во периодот од 1999 до 2002 година ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за економски прашања на Република Словенија. Ова малку ги омекнува зборовите дека се работи за ново лице во политиката. Покрај тоа, тој е основач на Лабораторијата за енергетски стратегии и бил раководител на многу проекти во електроиндустријата. Истата година, на крајот од неговата функција како државен секретар, тој го основа и стана директор на претпријатието  Д.о.о. Istrabenz-Gorenje. Во 2006 година стана претседател на Управниот одбор на ГЕН-и, компанија за продажба на струја. Во меѓувреме во 2011 година стана потпретседател на партијата Позитивна Словенија, предводена од Зоран Јанковиќ, а потоа и потпретседател на ЗАБ на Аленка Братушек.

Тој најголем акцент во предизборната кампања стави на енергетското прашање што ја зафати Словенија во последните месеци и ваучерите за економска помош.

Ако нешто покажа оваа криза, покажа колку е немудро Европа да биде врзана за надворешен снабдувач на клучниот извор на енергија во областа на енергетиката – природниот гас. Денес, се чини дека светските цени на енергијата ќе останат високи најмалку во следните две години, додека европските цени на енергијата ќе останат уште повисоки. Затоа треба да работиме со идејата да им помогнеме на граѓаните со енергија. Од друга страна, треба да ја направиме првата долгорочна стратегија за енергетската политика, рече тој на истата прес-конференција.

Роберт Голоб спомна и инвестирање во цивилна заштита, дигитализација и сајбер безбедност.

Цела Европа очигледно одлучи да ги зголеми придонесите во буџетот за одбрана во рамките на НАТО, вклучително и Словенија. Меѓутоа, сосема друго прашање е во што ќе инвестираме. Словенија мора да одлучи да тргне по патот на паметната специјализација“.

Откако изби конфликтот во Украина, тој ја повика словенечката влада на Јанез Јанша да биде активна и да обезбеди помош за државата и народот – хуманитарна, финансиска и со оружје. Тој се осврна и на прашањето за бегалците кое стана актуелно поради војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.