Докторка која работи во мариборскиот Здравствен дом е заразена со коронавирусот, јави дописникот на МИА во Љубљана.

Дека е позитивна на тестот е потврдено доцна синоќа, по што на сите пациенти кои имале контакт со докторката им е наложено да останат дома во карантин. Таа имала контакти со луѓе на 11 и 12 март, а тие пациенти се веќе телефонски контактирани со насоки да останат дома во самоизолација, без разлика дали покажуваат симптоми на заразата или не.

Вчера до 14 часот во Словенија имаше потврдени 253 случаи на заразени со коронавирусот, а еден човек почина како последица на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.