Дојава за бомба попладнево ги вознемири посетителите на Зоолошката градина во Белград. Според информациите денеска доцна попладне, околу 17:30 часот, стигнала анонимна дојава за поставената бомба.

Посетителите кои се нашле во зоолошката градина биле веднаш евакуирани. Сепак се работи за лажна дојава. Портпаролот на Зоолошката градина изјавил дека не е сигурен на кој начин стигнала дојаватам на влезот од Зоолошката се појавила полиција, која на вработените им посочила да постапуваат според инструкциите кои им ги даваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.