Дојавата за бомба ги затвори двата терминали на аеродромот во Софија, пренесуваат бугарските медиуми.

Сигналот бил примен нешто по 9.00 часот утринава, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.

Поради оваа причина, луѓето се евакуирани од двата терминали, објаснуваат за БНТ од полицискиот прес-центар.

Околу 10:30 часот на аеродромот во Софија беше обновена работата. Не е пронајдена експлозивна направа. Случајот е под истрага.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.