Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека е шокиран од информацијата за откажување на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и на Европската унија во Неум, поради пропаднат тендер и понуди Самитот ќе се одржи во Бања Лука.
„Со неверување и шок ја примив веста дека заедничките институции на Босна и Херцеговина успеаја да заебаат со откажувањето на самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ поради неорганизираност и процедурални пропусти“, напиша Додик на Х.
Тој оцени дека тоа е „уште еден во низата докази дека политичко Сараево не е на висина на задачата за одговорност, што треба да биде во интерес на сите граѓани на Босна и Херцеговина“.
„Република Српска никогаш не би си дозволила ваков срам. Постојано докажавме дека сме способни да организираме многу сложени, тешки и значајни настани на највисоко ниво, вклучително и посети на државници и меѓународни делегации“, рече Додик.
Тој предложи Самитот да се организира во Бања Лука, додавајќи дека посветеноста на РС за одговорна и професионална работа е „призната и од домашните и од меѓународните партнери“.
„За да се спаси лицето на Босна и Херцеговина и да се испрати порака дека целата земја не смее да се поистоветува со неспособноста на политичкото Сараево, како претседател на Република Српска, предлагам Самитот да се одржи во Бања Лука“, рече. Додик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.