Српскиот член на Претседателството БиХ во технички мандат, Милорад Додик, повторно порача дека Република Српска сигурно ќе замине и со себе ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ, доколку не биде вратен Уставот на БиХ како што е договорен според Дејтонскиот договор.

Народот на Република Српска на величенствениот собир во Бања Лука јасно покажа дека не сака антидејтонска и антиуставна БиХ – наведе Додик на Твитер.

Додик се огласи брзо откако од Американската амбасада во БиХ, по повод митингот на владејачката коалиција од пред два дена во Бања Лука, соопштија дека секоја акција, преземена со цел распаѓање на БиХ, е кршење на Дејтонскиот мировен договор и ќе сноси тешки последици.

Додик напиша и дека „српскиот народ не мрази никого, но, не сака да дозволи овде да се создаде унитарна држава БиХ“.

Не ја зборуваат вистината и не се во право оние кои велат дека не постојат лоши намери кон Република Српска. Им пречи сè што е српско, нашето знаме, а најмногу им пречи Република Српска, додаде Додик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.