Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, отворено ја поддржа руската агресија врз Украина, наведувајќи дека таа е неопходна за заштита на украинските Руси, а во исто време направи споредба со босанските Срби, велејќи дека тие не можат да живеат со муслиманите, па затоа е „природна“ желба да се обединиме со Србија.

Нашиот стр а за кои рускиот јазик е забранет од раководството на таа земја. Затоа и руската специјална операција во Украина се оправдува со заштитата на правата на нејзиниот народ. Така сме и ние овде – не можеме да имаме заеднички училишта, заеднички учебници со муслиманите – изјави Додик за руската новинска агенција ТАСС.емеж кон Србија е природен. Слична е ситуацијата и со Русите во Украина, од кои во таа земја има 15 милиони,

Додик и претходно безрезервно ја поддржуваше политиката на Москва со тоа што се спротивстави на воведувањето санкции против Русија, но сега првпат недвосмислено да ја оправда агресијата врз Украина.

Ние многу добро разбираме дека борбата на Западот против православието никогаш не престана. Таа борба беше лајтмотив на сите кампањи и во суштина имаше единствена цел, да ја преземе контролата врз богатото снабдување со природни ресурси на Русија. Поради оваа причина, и Наполеон и Хитлер дојде во Русија, а и денешниот Запад сака да доминира на овие пространства – наведе Додик.

Тој одговарајќи на прашањето за можното отцепување на Република Српска од БиХ, истакна дека тоа останува целта, а за нејзина реализација во Бања Лука само се чека вистинскиот момент.

Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.