Ако Уставниот суд на Босна и Херцеговина каже дека праксата која самиот ја создал е основа за донесување одлуки, тогаш Србите нема што да бараат во таква државна заедница, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, коментирајќи ја одлуката на судот за законот за шумите на Република Српска.

Додик порача дека за Србите нема живот на тие простори ако немаат независна држава, а сè што се случува, меѓу другото и одлуката на Уставниот суд на БиХ покажува дека тоа е неопходно.

„Тие можат да направат каква сакаат пракса и тоа сè е подметнување на Србите од ЕУ и од Америка, дека треба да ги почитуваме Уставниот суд и БиХ“, истакна тој.

Истакна дека работата на Уставниот суд е да се бави со усогласеноста на законите со уставот на БиХ, а не да одлучува за сопственоста.

Кажа и дека ова е обид за грабање на сè што е во надлежност на Република Српска, укажувајќи дека тоа трае со години, и дека РС треба да отфрли сè што ѝ е наметнато и да се врати на изворниот Дејтонски договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.