Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вечерва напиша за Германија да не воведува санкции против него, тој самиот ќе си ги воведе.

За да не се мачат, од денеска си воведувам санкции. Ниту имам имот во Германија, ниту планирам да одам таму, напиша Додик на Твитер.

Тој оцени дека Германија со својата политика на заплашување нема да ја промени реалноста, а тоа, како што рече, е дека Босна и Херцеговина е пропадната земја.

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, денеска во Сараево изјави дека Германија лобира во Европската унија за санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и Република Српска, обвинувајќи го Додик дека води сецесионистичка политика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.