Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, им покажа на новинарите транскрипт од разговорот со специјалниот пратеник на претседателот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, според кој тој, му рекол на Ескобар дека ич к.. не ме боли за американски санкции“.

„Американската амбасада во Сараево постапи погрешно кога објави изјава за мојот разговор со Ескобар. „Не бев подготвен да излезам во јавноста со деталите за тој разговор, но тие одлучија да го кажат само она што го кажаа, а станува збор за закани за некои санкции“, рече Додик.

На Твитер профилот на Американската амбасада во БиХ, во четвртокот беше објавено дека Ескобар изјавил дека заканите на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за отцепување на Република Српска од БиХ во САД се антидејтонски и дека не им понудиле на граѓаните на тој ентитет ништо друго освен изолација и „економски очај“.

Додик прочита и покажа препис од вчерашната средба со американскиот дипломат.

Според Додик, Ескобар рекол: „Морам да кажам дека новите санкции против Балканот се предвидени за оние кои политички опструираат, но и против оние кои имаат корист од тоа“.

Тогаш Додик рече: „Ич к.. не ме боли. Тоа го знаев порано. Ако сакаш да разговараш со мене, не ми се заканувај “.

Ескобар: „Тоа не е закана, ова е факт“.

Додик изјави дека дваесет години САД се обидуваат да „направат послушни луѓе“ во БиХ, кои треба само да кажат што им одговара на Американците.

Тој, исто така, рече дека тој секогаш ќе го користи овој збор кон оние кои мислат дека можат да се заканат со санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.