Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на своите социјални мрежи објави видео во кое се гледа како ќе изгледа српската фабрика за вакцини.

 

 

– Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата и на погон за производство на ПЦР тестови. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напиша Вучиќ.

 

 

Ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцините на Синофарм, кажа тој, додавајќи дека е договорено фабриката да биде завршена и да започне со производство на 15 октомври.

– Оттогаш за нас ќе имаме големи количини вакцини, но и за целиот регион, бидејќи ќе мора барем по буквална цена да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè што ние нашите луѓе ќе ги излечиме или дејствуваме превентивно не вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.