Бруто домашниот производ во 2020 година во Грција изнесува 168,5 милијарди евра што е пад од 8,2 проценти во однос на 183,6 милијарди евра, колку што бил во 2019 година.

Според податоците од грчката статистичка служба во четвртиот квартал од 2020 година има зголемување на БДП за 2,7 проценти споредбено со третиот квартал, но и пад од 7,9 отсто во споредба со истиот период во 2019 година.

Сепак, рецесијата во земјата е подобра од очекуваното, со оглед на тоа дека грчкиот буџет предвидуваше пад од 10,5 отсто.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку неговиот официјален Твитер профил, ги коментираше статистичките податоци и порача дека Грција е на добар пат кон успехот.

И покрај зависност од туризмот, податоците за БДП објавени денеска покажуваат дека грчката економија беше поотпорна отколку што многумина очекуваа во 2020 година. Заедно со нашето справување со ковид кризата ги разбиваме стереотипите. Грција е во добра поизиција за успех и ќе успее – порача Мицотакис.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.