Во тешка сообраќајка во Србија загина 29-годишната Тања Јовиќ од Алексинац, додека нејзиниот вереник 25-годишниот Младен Василјевиќ и неговиот другар, 24-годишниот Миланд Д. се повредени ноќта меѓу средата и четвртокот, враќајки се од прослава на прва реприза на Нова Година.

Како што дознава „Курир.рс“, трагедијата се случила во околу 02:30 часот, кога автомобилот „опел“ со кој управувал Милан Д. излетал од патот и се удрил во бекатон плоча, а потоа во паркиран „пежо“. Тања седела позади, а нејзиниот вереник бил совозач.

Беше страшно. Се слушна силен удар, како бомба. Возилото се преврте на покрив. Нивниот автомобил одлета покрај оградата, пред една куќа, а паркираното „пежо“ кое го удрија заврши на улица, вели очевидец.

Таткото на настраданата девојка рекол дека Новата Година ја дочекал со својата ќерка и дека не се ни надевал дека тогаш последен пат ќе ја види.

Толку убави работи се случија. Со Младен се забавуваа 4 години, а во август се верија. Се радуваа на репризата на новогодишната ноќ. Знам дека отидоа во кафеана. Тања убаво се среди, ни испрати фотографии. Се радувавме на свадбата која следи, а сега ја погребуваме, рекол таткото.

Постои сомнение дека Милан Д. во моментот на несреќата бил пијан, но се чекаат резултатите од анализата на неговата крв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.