Пред крајот на месецов, ќе ја имаме листа со земји чии државјани на 15 јуни ќе можат да патуваат во Грција без особени формалности, но по случаен избори ќе се проверуваат, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснува дека дискусијата со надлежната комисија за здравствените критериуми и за тоа кои земји ќе бидат на листата е сѐ уште отворена, а последниот збор ќе го имаат лекарите, кои ги немаат донесено конечните одлуки.

Теохарис истакна дека освен листата со земји, останатите две клучни точки за Грција се здравствените протоколи кои „ги заштитуваат вработените и туристите, бидејќи се строги“, како и „зајакнување на здравствените структури за цела држава“.

– Цела Грција од најмалиот остров до најголемиот град, Атина ќе има капацитет да се справи со било која ситуација, со позитивен случај и слично, рече министерот за туризам на Грција.

Теохарис објасни дека секој туристички објект со над 50 кревети потребно е да има соработка со доктор. Во случај некој од туристите да се пожали на здравствени проблеми, ќе стапи во контакт со докторот што може да биде или преку телефон или преку видео повик, за да добие совет. Ако, докторот препознае сомнителни симптоми ќе препорача правење тест.

– Од моментот кога ќе каже дека треба да се направи тест, докторот стапува во контакт со надлежните, бидејќи е регистриран од туристичкиот објект, и го знаеме ние. Го знае и цивилната заштита и Министерството за туризам и Министерството за здравство, информира за да се направи тест во одредените здравствени центри, вели Теохарис и додава дека резултатите од тестот ќе бидат готови за неколку часа.

Ако туристот е позитивен ќе се изолира во хотел карантин, ќе се дезинфицира собата во која што престојувал и нема да се затвора целиот хотел.

Докторот ќе ја следи ситуација, а во случај да биде потребно хоспитализирање, туристот ќе биде префрлен в болница

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.