Србија ќе има простор, со помош и одобрение од Светската банка, повторно ги зголеми пензиите и платите, пред сè минималната плата. Како што изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, Србија ќе има право на вонредни зголемувања на платите и на пензиите, а разговорите за ова со ММФ ќе почнат утре.

Успеавме да го намалиме учеството на пензиите во БДП, така што сакам да кажам дека ќе имаме најголем пораст на пензиите, и тоа во два наврати. Еден уште годинава и тоа покачување  ќе биде поголемо од било кое друго во последните децении. Второто покачување ќе биде од 1 јануари. Вкупниот број нема да биде помал од 18 отсто, рече Вучиќ.

Наведе и дека ќе се зголеми минималната плата товар на државата.

Ќе има големо зголемување на минималната плата, секако двоцифрено – 12, 13, а можеби и 14 проценти, а зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе биде двоцифрено, рече тој.

Тоа би значело дека просечната плата во март 2023 година се очекува да биде повисока од 710 евра. Минималната, пак, која во јануари изнесуваше 401 евро, би изнесувала најмалку 450 евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.