По смртта на српскиот патријарх Иринеј, светиот Синод на Српската православна црква ќе ги преземе неговите патријаршиски должности, а со ова тело до изборот на нов патријарх ќе претседава митрополитот Дабробосански Хризостом.

Ова денеска било решено на седница на Синодот на Српската православна црква, што се одржа во седиштето на Патријаршијата.

За администратор на Белградско-карловачката архиепископијата е избран епископот Шумадиски, Јован, соопшти Српската православна црква.

Литургија за упокојување ќе се служи во недела во црквата Свети Сава, а телото на патријархот Иринеј ќе биде погребано во крипта на Храмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.