Управниот одбор на „Хрватско-македонска тангента“ енергично ги осудува навредите кон хрватската држава и влада кои на социјалните мрежи ги пласира и шири Горјан Тозија (директор на владината агенција за филм), а се пренесени во дел од медиумите.

Неговите написи полни со омраза,како на пр. „Со Хрватска владеат фашисти“, „Хрватската влада е фашистичка“, „Пленковиќ ги гуши слобоидите во ЕУ“ и „ХДЗ е фашистичка партија“… само се дел од навредите кои ја вознемирија јавноста во пријателската Хрватска, а македонската дијаспора ја доведоа во мошне незгодна и непријатна ситуација.

„Хрватско-македонската тангента“ смета дека ова поведение на раководител на владина агенција (Горјан Тозија) сериозно ги нарушува пријателските односи меѓу двете држави и двата народи и целосно се оградува и дистанцира од тие навредливи ставови. Очекуваме дека македонската влада ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност.

„Тангентата“ ќе продолжи како и до сега да работи на доближувањето на традиционално извонредните блиски и пријателски односи меѓу Хрватска и Република Македонија во доменот на култура, уметност, политика, стопанство, туризам…

извор: МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.