Девојката на Матеј Периш, момчето од Сплит коешто исчезна во Белград, во изјава за „Курир“ зборува што се случувало пред тој да тргне кон Белград за дочекот на Новата година и зошто таа не дошла со него во српскиот главен град.

27-годишниот Матеј исчезна во ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога заедно со друштвото бил во ноќен клуб во Белград. Потрагата и натаму трае, а од час во час се појавуваат нови информации.

Не знам што да ви кажам. Момчето во црните патики е тој, во белите не е. Во водата не е тој, тоа да го знаете, се знае дека снимката е стара. Знам дека Матеј порано никогаш не правел такви инциденти, ниту лудости, знам со кого сум во врска – вели девојката по име Сања.

Таа објаснува дека Матеј бил возбуден и среќен што оди во Белград за Нова година и дека тоа го планирал шест месеци. Таа не сакала да оди со него, бидејќи бил со машко друштво и немало смисла да оди и таа.

Меѓу нас немаше никакви проблеми“, наведува Сања, која е децидна дека Матеј воопшто не бил проблематично момче, не се дрогирал и никогаш не правел слични ексцеси.

Таа последен пат се чула со Матеј на 30 декември, кога тој ѝ пратил видеопорака околу 21 часот и 30 минути.

Телефонот ми се изгаси, а бев на работа. Дојдов дома околу полноќ и му одговорив на пораката, па си легнав. Се разбудив околу седум утрото и видов дека не ми пратил порака за добра ноќ кога се вратил од излегувањето. Тогаш пак му пишав и го прашав дали е сѐ во ред – вели девојката за „Курир“.

Сеоак, одговор и натаму немало и таа повторно му пишала околу 14 часот, повторно безуспешно.

Размислував дали можеби не спие толку долго. Тогаш, подоцна попладнето, се слушнав со неговите пријатели, кои ми кажаа дека тој е исчезнат, дека јакната му останала, дека не знаат што се случило. Тие беа избезумени – додава Сања.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.