Tриесетдневен притвор му е одреден на српскиот рапер Урош Радивојевиќ – Нумеро, oткако денеска беше уапсен поради обвинение за семејно насилство.

Тој долго време ја малтретирал неговата поранешна девојка Лидија, која го криела насилството од семејството до пред неколку недели, кога конечно им признала сè. Нејзината сестра на Твитер сподели низ што се поминувала сестра ѝ, па прво раперот се соочи со јавна осуда, а подоцна и беше уапсен.


Урош Радивојевиќ или Нумеро е роден во Костолац. Прва песна снимил на свои 12 години, а со музика почнал посериозно да се занимава на 15. Првиот албум го објави во 2018 година и настапуваше на бројни регионални фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.