Хелена Гавран е девојчето кое успеа да ја расплаче Србија.Таа има само четири години и боледува од тумор на мозокот.

Хелена замина на првиот циклус операции и хемотерапии во Париз. Лекарите се надеваат дека процесот ќе биде успешен но оти е потребно многу време и пари. Целиот оперативен третман може да чини и до 500.000 евра.Затоа родителите на девојчето апелираат за помош која им е најпотребна во овој момент.

Хелена не знае дека боледува од тешка болест па родителите ја лажат дека има вирус. Полека ја спремаат и за она што мора да се случи-а тоа е паѓањето на косата. И велат дека тоа е модерно во Париз и оти сите носат перики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.