Два месеца по тешката сообраќајна незгода кај Ниш, кога воз буквално преполови автобус на „Ниш експрес“, 16-годишната Лена се разбуди од кома и е надвор од животна опасност.

Кога кобното утро на 21 декември таа била примена во болница, Лена беше во најтешка состојба од сите повредени со најмали шанси за преживување. Со такви сериозни повреди на главата и градите, според зборовите на лекарите, преживува само едно од 100 лица.

Лена во моментов извршува прости налози како испружување на рацете, отворање на устата, посебно кога ѝ давам колачиња, но не е во состојба да зборува, не само поради цевчињата, туку и свеста не ѝ е на тоа ниво сè уште, вели анестезиологот Брана Божидаревиќ од Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш, додавајќи дека пред оваа храбра девојка е долго опоравување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.